Опис
„Во овој бесмислен и далечен свет, се имаше врзано и веруваше само во една работа. Тоа беше жена му. Муазез не беше нешто со што Јусуф ќе ги пополнеше сите празнини во животот, но нејзиното отсуство беше застрашувачко. Самата помисла дека може безмилосно да ја изгуби беше неподносливо болна. Знаеше дека Муазез не е тоа што го бараше во животот, но исто така знаеше дека нема да може да го најде без неа.“
Јусуф од Кујуџак е можеби најромантичниот херој во турската литература. Тој, со својот наивен став против суровоста на животот и луѓето, од една страна, со приближувањето кон трагичен крај, од друга страна, со херојството во својата лирска љубовна приказна, зазема историско место во литературата.
Во големиот роман на Сабахатин Али, „Јусуф од Кујуџак“, покрај романтичната и лирска љубовна приказна, преку сите ликови, ни го доловува и портретот на една сурова и испреплетена провинција.
Дополнителни информации
Автор | |
---|---|
Јазик | |
Наслов на оригиналот | |
Година на издавање | |
Страници | |
Димензии | 21×14 см |
ИСБН | 978-608-4626-73-2 |
Мислења
Сѐ уште нема мислења