Опис
Името на човекот што прв го обиколи светот е сочувано во историјата во не помалку од четири различни верзии. Во португалските документи се појавува големиот морепловец понекогаш како Fernao de Magalhais, понекогаш како Fernao de Magelhaes; тој лично, подоцна откако преминал во служба на Шпанија, писмата ги потпишувал некогаш како Maghallanes, некогаш како Maghellanes, а картографите го латинизирале тој шпански облик во Magelanus.
Цвајг во своето дело ги доловува:
- Вистинскиот карактер и големина на Магелан, неговата упорност до смрт.
- Во исто време и вистинската димензија на експедицијата и нејзината огромна важност за идниот прогрес на човештвото.
- Екстремно неповолните услови во кои била реализирана експедицијата и натчовечките напори на нејзините учесници.
- Ривалството помеѓу тогашните две најголеми поморски сили.
- Храброста на членовите на експедицијата да зачекорат во непознатото.
Цвајг ни го опишува најинтересниот период од човековата историја, времето кога биле направени нејголемите географски откритија и кога човекот конечно ја добил вистинската претстава за големината и за обликот на земјата, за распоредот на копното и на морето.
Дополнителни информации
| Автор | |
|---|---|
| Јазик | |
| Година на издавање | |
| Страници | |
| Димензии | 21×14 см |
| ИСБН | 978-608-4626-54-1 |






Мислења
Сѐ уште нема мислења