Винсенте Бласко Ибањез

Четворицата јавачи на апокалипсата

500 ден

Категорија

Опис

Винсенте Бласко Ибањез (1867-1928), авантурист и светски патник, републиканец и антикликалец, човек со непресушна енергија и многу таленти: сликал, се занимавал и со новинарство, се прославил и стекнал богатство, но доживеал и прогони, а од еден двобој едвај спасил жива глава.

Во неговите дела обработува социјална тематика, без некоја посебна длабочина, но со голем шарм и допадливост во раскажувањето. Затоа не е чудно што некои негови дела се пренесени и на филмското платно. Попознати романи му се: „Меѓу портокалите“, „Мочуриште“, „Мртвите заповедаат“, „Крв и арена“…

Романот „Четворицата јавачи на апокалипсата“, заедно со романите на „Запад ништо ново“ од Е. М. Ремарк и „Збогум оружје“ од Е. Хемингвеј, се става во ранг на најчитаните дела со тематика од Првата светска војна. Во САД романот постигна толкава популарност, што се мереше со читаност на Библијата, а токму поради таа популарност според овој роман е снимен и истоимениот филм.

Атмосферата на војната, ужасите што таа со себе ги носи вешто се опишани во овој роман. Писателот ја доловува и политичката позадина на војната, моќта на манипулацијата со јавното мислење и со средствата за информирање, кои во луѓето будат подготвеност да го убијат другиот и самите да загинат во војната што не ја предизвикале и чии вистински причини не ги разбираат. Првата светска војна е претставена со галопот на Четворицата јавачи на апокалипсата: Војната, Чумата, Гладот и Смртта, кои на земјата се појавуваат кога луѓето, поведени од својата алчност, забораваат на својата човечност. Човештвото повеќепати ја повторува истата грешка, како да не научило ништо од историјата, учителката на животот, што на овој роман му дава универзален карактер и симболизира остра критика на сите минати и идни војни.

„… Не, ѕверот не умира. Тој е вечен придружник на луѓето. Тој ќе се скрие и ќе крвави четириесет години… шеесет… цел век, но пак ќе се појави. Ни останува само да се надеваме дека неговата рана уште долго ќе крвави, дека ѕверот ќе се крие подолго време и дека никогаш нема да го видат генерациите што ќе го чуваат нашето сеќавање…“ (извадок од романот)

Дополнителни информации

Автор

Јазик

Наслов на оригиналот

Година на издавање

Страници

Димензии

21×14 см

ИСБН

978-608-4626-56-5

Мислења

Сѐ уште нема мислења

Биди првиот што ќе сподели мислење “Четворицата јавачи на апокалипсата”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *