Опис
Продолжение на книгата Majn Kampf од Адолф Хитлер.
Политиката е историја во создавање.
Ова беа зборови на Адолф Хитлер во неговото ненасловено, необјавено и долго криено дело, напишано само неколку години по објавувањето на Majn Kampf.
Првобитно постоеја две копии од по двесте страници, а само едната од нив беше објавена. Грижливо и во најстрога тајност чуван од Хитлеровото обезбедување, во 1935 година документот е сместен во скривница во случај на воздушен напад, каде што остана се додека не го откри еден американски офицер во 1945 година.
Автентичноста на книгата Мојот поредок на светот напишана во 1928 година, ја потврдија Јозеф Берг (екс вработен во нацистичката издавачка куќа Eter Verlag) и Телфорд Тејлор (екс генерал-мајор во У.С.А.Р. и адвокат на судењето за воените злосторства во Нирнберг), кој во 1961 година, по извршената анализа, изјави:
„Ако Хитлеровата книга од 1928 година се чита во заднината на сите оние збиднувања што се случија во меѓувреме, таа не би требало да ги заинтересира само научниците, туку и најшироката читателска публика“.
Дополнителни информации
Автор | |
---|---|
Јазик | |
Наслов на оригиналот | |
Година на издавање | |
Страници | |
ИСБН | 9989-901-27-9 |
Димензии | 21×14 см |
Мислења
Сѐ уште нема мислења