Опис
Во деведесеттите години од минатиот светот беше очевидец на долгогодишната криза во Југославија и на ужасната граѓанска војна во Хрватска, во Босна и Херцеговина и на Косово. Официјално се тврдеше дека југословенскиот претседател Слободан Милошевиќ сонува за Голема Србија и дека тој и српскиот народ се одговорни за војната на Балканот. Милошевиќ е претставен како екстремен националист, чија идеологија почива – како во антисемитските нацистички тиради – на омразата и на презирот кон сѐ што не е српско во Југославија. Слободан Милошевиќ ја доби титулата балкански касап. Во медиумите кружеа потресни слики од концентрациони логори, од масовни убиства и приказни за геноцид, за силувања и за етничко чистење. Светските медиуми јавно ги прогласија Србите за нацисти. Јавното мислење, на тој начин, беше убедено во неопходноста од спречување хуманитарна катастрофа и во неизбежноста од мировна интервенција на НАТО. По НАТО интервенцијата, на 29 јуни 2001 година Слободан Милошевиќ му е предаден на Меѓународниот трибунал за Бивша Југославија во Хаг. Хашкиот процес заврши со неговата смрт. Сега на историчарите им останува да донесат суд за поранешниот претседател и за вистинските причини за војните на Балканот. Со непристрасна анализа на вистинската заднина на овие војни, оваа книга придонесува за таа цел. Голем број историски факти и податоци во оваа книга не се согласуваат со сликата што многумина ја имаат за Слободан Милошевиќ. Оваа книга е напишана во име на вистината. Нејзина цел е читателите да стекнат сериозен увид во она што навистина се случи во Југославија. Податоците потекнуваат од најсигурни извори. Читајќи ја книгата, читателот станува поротник, кој, врз основа на факти, а не на претпоставки, ќе биде во состојба самиот да го разоткрие вистинскиот тек на случувањата на Балканот и да донесе сопствени заклучоци. Вистината е како и маслото, таа излегува на површината на водата!
Дополнителни информации
Автор | |
---|---|
Јазик | |
Наслов на оригиналот | |
Година на издавање | |
Страници | |
Димензии | 21×14 см |
ИСБН | 978-608-4626-29-9 |
Мислења
Сѐ уште нема мислења