Рудолф Штајнер
Внатрешното битие на човекот и животот помеѓу смртта и повторното раѓање
260 ден
Out of stock
Опис
Рудолф Штајнер (1861 – 1925) е австриски филозоф, научник, драмски писател и езотеричар. По раскинувањето со Теозофското друштво, Рудолф Штајнер го основал Антропозофското друштво.
Антропозофијата како учење произлегла од Теозофијата, но, за разлика од неа, го наведува Исус Христос за централна фигура во процесот на ослободувањето (спасението), сознавањето и единството со Универзалниот дух.
Во делото Внатрешното битие на човекот и животот помеѓу смртта и новото раѓање, Штајнер говори:
- за четирите сфери на човековиот душевен живот: забележувањето, мислењето, чувствувањето и сакањето;
- за излегувањето од телото преку зголемувањето на силата на чувствата;
- за создавањето фантом за време на сетилните доживувања;
- за дејствувањето на Исус Христос;
- за разликата помеѓу доживувањето во физичкиот и духовниот свет;
- за преобразувањето на мудроста во животна сила;
- за настаните помеѓу смртта и полноќта на светот;
- за развојот на свеста во духовниот свет;
- за преобразувањето на минатите настани и дела во способност;
- за вишокот духовни сили преку дејствувањето на Христовиот импулс…
Дополнителни информации
Автор | |
---|---|
Јазик | |
Наслов на оригиналот | Inneres Wesen des Menschen und Leben zwischen Tod und neuer Geburt |
Година на издавање | |
Страници | |
Димензии | 21×14 см |
ИСБН | 20,5Х13,5 см |
Мислења
Сѐ уште нема мислења