Бенџамин Франклин

Автобиографија

390 ден

10 на залиха

Категорија

Опис

Бенџамин Франклин (1706-1790), еден од двајцата најславни, најпознати претставници на Соединетите Американски Држави. Имено, генералот Џорџ Вашингтон и докторот по филозофија Бенџамин Франклин – првиот како војник, а вториот како политичар, дипломат и научник. Бенџамин Франклин, сиромашниот син на еден сиромашен „сапунџија“, од чирак во една мала печатница со голем труд се воздигнал во светот, напредувал, станал богат и познат човек, почесен доктор по филозофија, член на француската Академија на науките, ополномоштен застапник на „американските провинции“ во англиската Влада во Лондон, прв пратеник и ополномоштен министер на новата република на дворот на францускиот крал, пријател и другар на големите француски писатели на осумнаесеттиот век, а, кога умрел, сите големи, познати академии во светот одржале свечени седници во негова чест. Во француската Академија Кондорсе (Marquis de Condorcet) го фалел и славел, а во француското Народно собрание Мирабо (Conte de Mirabeu) предложил цела Франција да носи еден ден црно во знак на жалост што еден таков човек умрел! Тогаш еден негов панегирач (оној што воспева некого) го состави за него оној славен стих: „Eripuit coelo flumen sceptrumque – на небото молњата, а на тиранинот скиптарот му го оттргнал“. Во таквата животна приказна навистина има многу романтичност, затоа нормално е луѓето да посакаат од неговата уста да чујат како тој, сиромашен бедник, успеал да се воздигне до толкава слава, моќ и омиленост, и тоа не само во својата татковина, туку и далеку надвор од нејзините граници. Да завршам со зборовите што Мирабо му ги упатил на француското Народно собрание:
„Франклин умре! Генијот, кој и даде слобода на Америка и кој растури по Европа голема светлина, се врати во крилото божјо! Филозофот, кого два света го присвојуваат, човекот околу кого се отимаат и историјата на науката и историјата на империјата, без сомнеж, зазема високо место во родот човечки“.

Дополнителни информации

Автор

Димензии

21×14 см

ИСБН

978-608-4626-50-3

Јазик

Наслов на оригиналот

Страници

Година на издавање

Мислења

Сѐ уште нема мислења

Биди првиот што ќе сподели мислење “Автобиографија”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *