Виктор Христовски

Анализа со конечни елементи

4500 ден

…Основната идеја беше да се создаде материјал кој ќе има
употребна вредност. Во таа смисла, книгата не се
замислува само како учебник, туку и како прирачник на кој
студентите, инженерите и истражувачите постојано ќе
се навраќаат … За таа цел, презентираната теорија е
имплементирана со MATLAB-скрипти и решени примери со
кои на директен и јасен начин се објаснуваат нумеричките
процедури на анализата со конечни елементи.

Категорија

Опис

„Анализа со конечни елементи“ е резултат на повеќе од 35-
годишното искуство на авторот во оваа област. Целта на
книгата е читателите да се запознаат со основните
принципи на методата на конечни елементи применети во
теоријата на еластичноста, но и пошироко, првенствено
за успешно и правилно користење на компјутерските
програми за анализа со конечни елементи. Меѓутоа,
книгата содржи и понапреден материјал за понатамошно
усовршување на истражувачите од оваа област, посебно во
развојот и софтверската имплементација на нови конечни
елементи.
…Основната идеја беше да се создаде материјал кој ќе има
употребна вредност. Во таа смисла, книгата не се
замислува само како учебник, туку и како прирачник на кој
студентите, инженерите и истражувачите постојано ќе
се навраќаат … За таа цел, презентираната теорија е
имплементирана со MATLAB-скрипти и решени примери со
кои на директен и јасен начин се објаснуваат нумеричките
процедури на анализата со конечни елементи.
„… Извонредни впечатоци. Книгата не заостанува ни
најмалку во однос на класиците Zienkiewicz, Sekulović…“
Проф. Владо Гичев, УГД, Штип
„За студентите книгата дава разбирлив вовед во
теоријата на конечните елементи, а за инженерите и
научниците солидна надградба за успешно извршување
софистицирани нумерички анализи…“
Проф. Виолета Мирчевска, УКИМ-ИЗИИС, Скопје

 

Дополнителни информации

Автор

Димензии

23

Јазик

ИСБН

978-608-67151-0-6

Страници

Година на издавање

Мислења

Сѐ уште нема мислења

Биди првиот што ќе сподели мислење “Анализа со конечни елементи”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *