Опис
Приказните се редат на олтарот на историјата!
Има многу приказни, големи и мали, добри и лоши, дамнешни и скорешни, раскажани, прераскажани, недораскажани, погрешно раскажани за потребите на ситните души што ја играат улогата на богови на земјата, живејќи во голема заблуда за потребите на антихристот. Приказни што допрва треба да се раскажат, апокалиптични приказни, приказни што менуваат, што ослободуваат, што спасуваат. Но, и приказни што заробуваат, што нудат лажни вредности.
Ќе зборуваме за многу приказни, но сакам уште на почетокот да напомнам дека сѐ што ќе биде кажано, напишано, не се однесува против ниту еден народ, нација, држава, не се однесува против ниту една функција, титула, организација. Затоа уште на самиот почеток сакам да им одадам голема почит на сите гореспоменати. Почит затоа што токму тие се првите жртви на политичките, академските, новинарските, медиумските и на сите други неморални проститутки што му ја продале душата на антихристот, на неговите архитекти на Новиот светски поредок, за ситни минливи материјални задоволства.
Приказни што ја милуваат душата, приказни поради кои душата станува возвишена, приказни што ѝ го олеснуваат престојот на душата во земскиот затвор, човековото тело.
Многу е важна пораката на приказната, она што се ткае во приказната. Има приказни што го промениле текот на човековата историја, приказни што му го олесниле, но и отежнале животот на човекот. Приказни што однеле десетици милиони човечки животи. Приказни што во континуитет го држат човештвото во заблуда, во синџири. Денес големината, веродостојноста на приказната не се гледа според нејзината порака, според промовираните вредности, туку според големината и силата на раскажувачот. Денес многумина раскажуваат приказни, морални и неморални. Има многу сомнителни раскажувачи. Денес многумина се платени свесно да раскажуваат лажни приказни за потребите и за интересите на напредните западни демонократски општества, но, исто така, и многумина се спречени, токму од тие напредни западни демонократски општества, нивните приказни да ја видат светлината на денот. Денес свесно се раскажуваат многу приказни истовремено, свесно се бомбардира човековиот ум со многу приказни истовремено за да не може да се донесе соодветен суд за раскажаната приказна. Имено, само што започнала една приказна, веднаш по неа почнува нова. Многу ликови, многу главни јунаци, што свесно доведува до незаинтересираност на слушателите и до нивна рамнодушност. На тој начин се постигнува целта приказните да се редат како на филмска лента, но да не се дозволи соодветна реакција на секоја посебна приказна.
Дополнителни информации
Автор | |
---|---|
Јазик | |
Година на издавање | |
Димензии | 21×13 см |
Страници | |
ИСБН | 978-608-4626-51-0 |
Лидија –
Првпат читам нешто од овој автор, но дефинитивно сакам да прочитам уште многу книги од него. 🙂