Опис
Парамханса Јогананда е индиски јогин и гуру кој многу луѓе од Западот ги воведе во медитативните техники на крија јогата. Јогананда е роден во Горакпур, државата Утар Прадеш, во Индија, во семејство на посветени бенгалски кшатрии. Во својата младост наидувал на многу индиски мудреци и светци во потрага по просветлен учител кој би го водел по духовната патека. Неговата потрага завршила во 1910 година, кога го сретнал својот гуру, Шри Јуктешвар Гири. Јогананда тогаш имал седумнаесет години. Својата прва средба со Јуктешвар ја опишал како обновување на односот кој траел во многу инкарнации.
По завршување на школувањето поминал долго време во Јуктешватовиот ашрам во Серампоре.
Во 1915 година го положил заветот на Редот на Свамите и станал Свами Јогананда Гири.
Во 1920 година, како индиски делегат, отпатувал во Соединетите Американски Држави на Меѓународниот конгрес на религиозните либерали кој се одржувал во Бостон. Истата година ја основал духовната заедница „Self-Realization Felowship“ со намера во светот да го рашири учењето за древните индиски техники и философии на јогата. Наредните неколку години предавал и поучувал на Источниот брег, а во 1924 година тргнал на меѓународна турнеја. Во наредните години, во Лос Анџелес, Калифорнија, го основал својот спиритуален центар, кој станал спиритуално и административно седиште на неговата духовна работа.
Во 1935 година, се вратил во Индија да го посети својот гуру Јуктешвар и да ја припомогне неговата работа. Во текот на оваа посета, како што е опишано во неговата автобиографија, се сретнал со Махатма Ганди, бенгалската светица Амандамои Ма, добитникот на Нобеловата награда Чандрасекара Венкара Раманом и со неколку ученици на Јуктешваровиот легендарен учител, Лахири Махасаја. Јуктешвар тогаш му ја доделил монашката титула Парамханса (возвишен лебед), титула која претставува највисоко духовно достигнување.
Некое време пред смртта навестувал дека е време да го напушти овој свет.
На 7 март 1952 година, присуствувал на свечената вечера кај индискиот амбасадор во Соединетите Држави. На крајот на приемот Јогананда зборувал за Индија и Америка, изразувајќи ја својата надеж во „обединетиот свет“ кој во себе ќе ги содржи најдобрите особини на „прагматичната Америка“ и „спиритуалноста Индија“. Кога го завршил својот говор, Јогананда ја читал својата поема Моја Индија. Кај последните зборови на поемата паднал на подот, од здобиениот срцев удар.
Неговите ученици сведочат како Јогананда често говорел дека е тоа најлесен начин да се напушти овој свет и дека токму на тој начин че умре…
Господинот Хари Т. Руи, директор на мртовечницата, во паркот Форест Лејн Меморијал, му пратил писмо на СРФ, заверено на нотар, од кое се цитирани следните реченици:
„Недостатокот од каков било видлив знак за посмртното пропаѓање на трупот на Парамханса Јогананда е најнеобичниот настан во нашето искуство…. И дваесет дена по смртта не била видлива никаква физичка дезинтеграција на неговото тело…. Оваа состојба на совршена сочуваност на телото е, колку што знаеме од аналите на мртовечницата, досега невидено…. Мирисот што се јавува како последица од распаѓањето на телото не се појавил ниту во еден миг“.
Дополнителни информации
Автор | |
---|---|
Јазик | |
Година на издавање | |
Наслов на оригиналот | |
Страници | |
Димензии | 21×14 см |
ИСБН | 978-998-9901-98-0 |
Тара –
Книгава е must have it.🙂🙂🙂