Факти

Факти

Најголемата книга во светот е со димензии 5м х 8,06м

Според Гинисовата книга на рекорди, најголемата книга во светот е со димензии 5м х 8,06м, тежи околу 1500 килограми и има 429 страници.

Виктор Иго ја напишал најдолгата реченица, што некогаш била испечатена, во романот „Клетници“

Реченицата се состои од 823 збора.

Авантурите на Том Соер е една од првите книги напишана на машина за куцање.

Книгата е напишана во 1876 година и се смета за една од првите книги напишана на машина за куцање

Библиосима – збор што го означува чувството кога ти се допаѓа мирисот на стари книги

Библиосима е аромата што е предизвикана од добра, стара книга. Повеќето ја опишуваат како мешавина од мирис на цветови од ванила и бадем.

Луѓето од Исланд читаат повеќе од сите други луѓе

Истражување направено од страна на универзитетот Бифрост (Bifröst University) покажало дека повеќе од 50% од Исланѓаните читаат повеќе од 8 книги годишно, а 93% од нив читаат барем по 1. Во Исланд постои и традиција кадешто луѓето разменуваат книги како Божиќни подароци.

„Во потрага по изгубеното време“ од Марсел Пруст се смета за најдолгиот роман што некогаш бил напишан

Се состои од 9 609 000 карактери, односно 1,3 милиони зборови.

Првата книга што се продала во повеќе од 1 милион копии е „Колибата на чичо Том“

Доколку објавиш книга во Норвешка, Владата се обврзува да купи 1000 копии

доколку се работи за книга за деца, Владата купува 1500 копии, што подоцна ги распределува во сите библиотеки низ државата.

Цундоку е јапонски збор што означува собирање на куп книги во домот што никогаш нема да бидат прочитани

сите сме биле во оваа ситуација, неподговени да ја победиме импулсивноста на купување нова книга (или книги) и покрај купот непрочитани книги што чека дома.

Читачите живеат подолго од нечитачите

Според едно истражување објавено од Social Science and Medicine, читачите живеат подолго. Патем, читањето од 30 мин. до 1 час во денот може да му го продолжи животот на еден човек. Истажувачите укажуваат на фактот дека, во просек, секој оној што чита минимум 1 час во денот има подобро здравје од нечитачот, а со тоа и го „надживува“ нечитачот во просек за 2 години.

 

 

 

 

 

 

Напиши коментар