Патот на мирот
220 ден
Мирот што произлегува од општественото уредување, минливите задоволства или световните победи е минлив по својата природа и согорува на огнот на световните конфликти. Само мирот небесен ги издржува сите конфликти и само несебичното срце може да го спознае мирот небесен.
Вистината е единствената стварност на универзумот, внатрешна хармонија, совршена правда, вечна љубов. Нејзе ништо не може да ѝ се додаде ниту одземе. Таа не зависи од човекот, туку сите зависат од неа.
Ангелите на божествениот мир и радост се секогаш близу и доколку не ги гледате и слушате, не чувствувате дека се околу вас, тоа е затоа што сте им го завртеле грбот и претпочитате друштво со демоните во вас. Вие сте она што сакате да бидете, она што ќе одберете да бидете.
- Ако не го наоѓаме мирот во себе, залудно го бараме на друго место.
Анонимен
- Слободата од желбите води кон внатрешниот мир.
Лао це
- Мирот не може да се најде во работата, во задоволството, ни во светот, ниту во манастирот, туку само во својата душа.
Маугхам
Additional information
Author | |
---|---|
Dimensions | 21 см |
ISBN | 978-608-4995-10-4 |
Language | |
Original Title | |
Pages | |
Year of publication |
Reviews
There are no reviews yet.