Description
Ниту еден век не е толку оддалечен од Исус, ниту некому некогаш толку му бил потребен Исус.
Споменот на Него живее насекаде. На ѕидовите во училиштата и во црквите, на високите камбанарии, во табернакулите по улиците, над постелите и на гробовите, милиони крстови го потсетуваат човекот на смртта на Распнатиот. Истружете ги фреските по црквите, тргнете ги иконите од олтарите и од домовите: повторно Христовиот живот ќе ги исполни музеите и галериите. Фрлете ги во оган мисалите, требниците и молитвениците: повторно неговите зборови ќе ги најдете во книгите. Па, дури и хулењето и случајностите потсетуваат на неговото присуство.
Што и да се прави, Христос е почетокот и крајот, амбисот во божествената мистерија помеѓу двата завета во човековата историја. Христос постојано живее во нас. Има и од оние што го сакаат и што го мразат; што ги почитуваат неговите страдања и што уживаат во неговото негирање. Тоа што толку многу му се спротивставуваат ни покажува дека сѐ уште е жив. Оние што упорно настојуваат да ги побијат неговата наука и неговото постоење го поминуваат животот споменувајќи го неговото име.
Живееме во ерата на христијанството. За да го сфатиме нашиот свет, нашиот живот, себеси, потребно е да му се вратиме на Христос. Секое поколение одново треба да го напише своето Евангелие за да ги доведе кон Христос душите што не умеат да бидат христијански.
Additional information
| Author | |
|---|---|
| Language | |
| Year of publication | |
| Pages | |
| Dimensions | 21×14 см |
| ISBN | 978-608-4626-42-8 |






Reviews
There are no reviews yet.