Е. ду Перон

Земјата на потекло

(6 customer reviews)

500 ден

348 in stock

Category:

Description

Еден ист човек, еден ист живот, две различни приказни, сепак зачудувачки остар, искрен и бескомпромисен автопортрет ‒ безгрижноста и слободата на богатото дете од буржоаско семејство во Индите; наспроти неизвесноста и песимизмот на младиот човек што се бори за опстанок во Париз. Токму ваквото „шетање“ низ времето, настаните и ликовите ја прави „Земјата на потекло“ уникатна, повеќеслојна, несекојдневна и книга што се памети.
Кој би рекол дека малиот буржуј Артур Дукро, кој е всушност самиот Е. ду Перон, ќе израсне во обичен новинар што преживува пишувајќи написи? Но, како што самиот вели, сè додека некој е жив, треба да живее според својата природа и како да има цел еден свет пред себе, со сета љубопитност и надеж што сè уште ги има, но и со доволна доза песимизам веднаш да се помири со крајот на сè што ги прави нашите животи можни, можни во секоја смисла на зборот.

Additional information

Author

Dimensions

21×14 см

ISBN

978-608-4626-78-7

Language

Original Title

Pages

Year of publication

6 reviews for Земјата на потекло

  1. Јасна

    Дукро – еден и единствен. Прекрасна книга која изобилува со настани од животот на Дукро, но и со многу географски и историски податоци. Браво за Е. ду Перон!!!

  2. Надица

    „Мартина“ како издавачка куќа уште еднаш докажуваат дека се вистински пример во домашното издаваштво. Одличен превод, одлична приказна, одличен автор и одлична корица! 😉

  3. Марко

    Импресиониран сум од моќта на нарацијата и создавањето уникатни ликови.

  4. Бојан

    Иако со многу неразбирливи зборови од индонезиско потекло, книгата дава еден многу интересен приказ на Холандија каква што не ја познаваме. Уште еден холандски автор што првпат го читав, но не ме разочара.

  5. Борче

    Вреди да се има во сечија библиотека…

  6. Ивана

    Одлична книга. Шармантни моменти споени од еден човек кој се само-анализира, самозажалува и се мрази. Главен лик кој останува во мислите и по читањето на книгата.

Add a review

Your email address will not be published. Required fields are marked *