6 совети за состанување со книгохоличар

6 совети за состанување со книгохоличар

  • Post category:Fun
  • Post comments:0 Comments

Му фрли око на некој книгохоличар? Ние имаме совети што ќе ти помогнат заедно да ја испишете вашата љубовна приказна.

1. Прашај „Што читаш во моментов?“ наместо „Какви книги сакаш да читаш?“

Книгохоличарите вообичаено читаат книги од најразлични жанрови и од голем број автори, па така прашањето „Какви книги читаш?“ звучи преопшто и може да иницира недостиг на заинтересираност. Наместо тоа, прашањето „Што читаш во моментов?“ може да биде почеток на еден долг разговор во кој ќе следуваат прашањата „Како ти се допаѓа досега?“, „За што се работи?“, „Имаш ли читано и други книги од истиот автор?“ итн.

2. Не вели „Ја немам читано книгата, но го гледав филмот“.

За книгохоличарите книгата е секогаш подобра од филмот. Затоа, кога велиш „Не ја читав книгата, но го гледав филмот, па исто му доаѓа“, на книгохоличар тоа му звучи како гребење на нокти по табла. Подобро ќе поминеш дури и ако му кажеш дека во слободно време малтретираш кученца.

3. Прашај „Кој ти е омилен автор?“ наместо „Која ти е омилена книга?“

Најчесто, за еден книгохоличар е многу тешко да издвои само една книга што му е омилена. Од друга страна, пак, доколку му се допадне стилот на пишување на еден автор, веројатноста е дека тој потоа ќе истражува многу повеќе за авторот и за неговите дела.

4. Не преправај се дека си прочитал книга што ја немаш прочитано.

За време на состанокот, сигурно ќе добиеш желба да се претставиш како поголем читател од тоа што всушност си, но да кажеш дека си прочитал книга што ја немаш прочитано е многу голем ризик. Книгохоличарот веднаш би те фатил во лага. Нема ништо полошо од тоа некому да кажеш дека сонуваш вашата љубов да биде како таа на Ромео и Јулија.

5. Побарај препораки за читање.

Кога книгохоличарите ќе завршат со читање на некоја добра книга, добиваат желба сите блиски личности во нивната околина да ја прочитаат таа книга. Па така, барајќи препорака за книга оставаш многу добар впечаток во очите на книгохоличарот. Освен тоа, ова е многу добар начин да ги дознаеш вкусот, размислувањето и ставовите на личноста со која се состануваш.

6. Не мора целиот разговор да е за книги. Книгохоличарите имаат и други хобија.

И книгохоличарите се луѓе. Имаат семејства, пријатели, хобија… Разговорот за книги е добар почеток, но подоцна добро е да покажеш интерес и за другите аспекти од животот на твојот придружник. Секако, пожелно е да споделиш и интересни моменти и искуства од својот живот.

Луѓето што читаат се емотивни, имагинативни и паметни. Излегувањето со книгохоличар сигурно ќе ти причинува задоволство. Тие освен што се забавни, секогаш им остануваат верни на своите фиктивни симпатии од книгите, па сигурно ќе останат верни и на своите вистински партнери.

Leave a Reply