Слатки маки што сите ги имаме

Слатки маки што сите ги имаме

  • Post category:Fun
  • Post comments:0 Comments

За книгохоличарите читањето не е само хоби, тоа е и стил на живеење. Ако и ти си еден од оние луѓе чиј живот се врти околу книгите, тогаш сигурно знаеш дека вљубеноста во книгите доаѓа со некои непогодности. Но, кој им обрнува внимание на маките, кога се работи за вистинска љубов, зарем не? Еве зошто понекогаш е тешко да си книжевен ентузијаст:

1. На полиците никогаш нема доволно место.

Чудно е колку брзо се исполнува местото на полиците, но тоа не нѐ спречува да се подновиме со нова книга, зарем не?

2. Подочници предизвикани од „само уште ова поглавје“.

Книгата е толку добра, што не можеш да ја оставиш. Секогаш си ветуваш дека тоа е последното поглавје за вечерта, сѐ додека не се освестиш дека надвор почнал нов ден.

3. Чувство на празнина по завршувањето некоја добра книга (слично на губење пријател).

„Светот пропадна и немам волја за живот.“ Зборови кажани на смртна постела? Не. Тоа е чувството по завршувањето некоја добра книга, и ни се случува на сите.

4. Никаде го нема бележникот кога е најпотребен.

Сигурно имаш стотици бележници, купени или добиени како подарок. Но, кога најмногу ти треба, не можеш да најдеш ниту еден. Па, добро, и фискалната на масата ќе заврши работа.

5. Постојана желба среде кино да викнеш „но ова го немаше во книгата“.

Сигурно и твојата омилена книга има филмувана верзија и сега се мислиш дали да го гледаш филмот. Еве еден предлог: немој! Шегата настрана, речиси и нема филм или тв-серија што е подобра од книгата. Тешко е да се доловат длабочината и комплексноста на ликовите во само час и половина.

Можеби семејството и пријателите не секогаш те разбираат, но затоа во друштво на книгохоличари овие маки на сите им се добропознати.

Leave a Reply